Сутерен.мк

Каква врска, такво опоравување

Збогум човеку на мојот живот!

Бевте сигурни дека тоа е тоа! Веќе се замислувавте себе си во венчаница, куќичка во цвеќе и неколку дечиња како трчкаат околу неа. Тој беше се она што сте посакувале од партнерот. Во тотален шок сте од прекинувањето на врската и со денови не можете да престанете да плачете.

  • За жал, вашата постљубовна агонија најверојатно, ќе се растегне на неколку месеци.

Збогум сексу на мојот живот!

Постои секс. Постои добар секс. Постои секс со Него. Знаевте дека не е за вас од одма, премногу е рурален и неисполиран, ама во креветот сите тие негови маани нерационјално исчезнуваа?!

  • За една седмица до две, би требало да се опоравите. Само знајте дека уште некое време потоа, ќе си ги замислувате сите „оние“ сцени со него.

Збогум забаво на мојот живот!

Ниту ментално, ниту пак, физички нешто баш, не ве привлекувал, ама пусто знаел како да се однесува со жена и секое излегување со него било празник за око, уво и непцето. Ги знаел сите добри ресторани, кул настани, одлични друштва…

  • Се додека не наиде друг кој ќе ви ја замени најдобрата другарка, а е задоволително употреблив како маж во спалната соба, ќе се патите…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *