Сутерен.мк

Какви телефони користат најбогатите луѓе на светот

Бил Гејтс

Ко-основачот на Microsoft, чија нето вредност изнесува 124 милијарди долари, моментално користи „Galaxy З Фолд 5“, а пред тоа користел „З Фолд 4“ и „З Фолд 3“. Изгледа дека носењето на поголем телефон кој постојано треба да биде отворен не му пречи, ако тоа значи дека има моќен уред при рака.

Марк Закерберг

Марк Закерберг, еден од четворицата најбогати луѓе на светот, честопати е виден како користи „Самсунг Galaxy S23 Ултра“ минатата година. Можно е во меѓувреме да преминал на поновата „С24 Ултра“ верзија. Но, очигледно е дека овој милијардер преферира „Самсунг“ модели во однос на тоа што го нуди „Apple“.

За разлика до Бил Гејтс, изгледа дека Закерберг преферира потрадиционален облик на телефон наместо склоплив дизајн, иако и неговиот телефон има специфичен додаток – вградено пенкало. Но, претпоставката е дека тоа не е причината за неговиот избор, туку веројатно го барал најдобриот „Андроид“ телефон и така завршил споменатиот модел.


Џеф Безос?

Џеф Безос, основач и извршен директор на „Амазон“, чија нето вредност изнесува 190,9 милијарди долари, не кажал јавно кој телефон го користи. Но, некои извори тврдат дека моментално користи „Google Pixel“ или „Самсунг Galaxy“, иако „Phone Arena“ смета дека не користи ниеден од нив.

Наведуваат дека во 2020-та година користел „iPhone“ кој бил хакиран преку „WhatsApp“ и дека тој настан го навел да премине на „Андроид“. „Phone Arena“ смета дека користи некој послаб модел на база на „Андроид“ или телефон посебно направен за него, или барем софтвер.

Илон Маск

Не користат баш сите најбогати луѓе на светот исклучиво „Андроид“. Илон Маск, извршен директор на „Тесла“ и „SpaceX“ и сопственик на „X“, чија нето вредност изнесува 205,2 милијарди долари, е виден како користи и „iPhone“ и „Самсунг Galaxy“ во последните неколку години.

Но, изјавил дека преферира „iPhone“ и наводно моментално го користи. Меѓутоа, кружат и некои информации кои сугерираат дека Маск еден ден би можел да лансира сопствен телефон, „Тесла Пи“.

Ворен Бафет

Овој 93-годишен инвеститор моментално вреди 133,3 милијарди долари. Со оглед на неговата возраст и подрачје на делување, не е изненадување дека не е многу заинтересиран за паметни телефони како претходно споменатите милијардери.

Всушност, познато е дека многу години користел стандарден телефон на преклоп, познат и како „глупав телефон“, пред Тим Кук да го убеди да почне да користи „iPhone“, праќајќи му ги бесплатно. Најновите извештаи сугерираат дека Бафет сè уште користи „iPhone 11“ од 2019-та година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *