Морков
Морковот често е омилена закуска на зајаците, и тоа не без причина! Тој е богат со калиум, витамини А, К1 и Б6, а истовремено е нискокалоричен и носи придобивки за кожата и видот. Освен тоа, на кучињата им интересен бидејќи е крцкав, па може да послужи како вкусна закуска.
Краставица
Краставицата е уште еден крцкав, нискокалоричен зеленчук полн со вода, кој може да послужи како одлично освежување, но и како извор на јаглехидрати, влакна, протеини, витамини Б, Ц и К, магнезиум и калиум.
Целер
Целерот има интензивен вкус, богат е со вода и е нискокалоричен, содржи десетици видови антиоксиданси и антиинфламаторни (противвоспалителни) супстанции, како и витамини А, Б, Ц и К, манган и калиум.
Спанаќ
Спанаќот е вистинска ризница на железо, магнезиум, витамини А, Б6, Е и К, па е одличен за кучиња со кардиоваскуларни и воспалителни проблеми. Сепак, не треба често да им се дава, бидејќи може да предизвика создавање песок и камења во бубрезите и бешиката, како и иритација на желудникот.
Брокула
Брокулата е растение со интересен облик што многу кучиња го обожаваат. Одличен е извор на витамини К и Ц, калиум и магнезиум. Сепак, треба да се има предвид дека, поради големото присуство на влакна, брокулата често предизвикува гасови, слично како и карфиолот.
Секогаш добро измијте го свежиот зеленчук пред да го дадете на кучето. Зеленчук како коренот од целер треба да се излупи. Кучињата се сештојади, но нивната исхрана главно се базира на месо, па треба да се внимава внесот на зеленчук да не биде прекумерен, особено бидејќи квалитетната храна за кучиња веќе содржи доволни количини на неопходен зеленчук.
Сепак, ако забележите дека на вашето куче не му одговара одреден зеленчук, не го форсирајте неговото консумирање.