При варењето на јајца, од нивната лушпасе ослободуваат минерали што можат да им бидат корисни на вашите растенија. Затоа, водата (оладена) во којашто се вареле јајцата слободно истурете ја во саксиите!
Лушпата на јајцето содржи околу 380 милиграми калциум, а при варењето значителен дел од него се ослободува во водата.
Овој минерал е многу значаен за билките, а помага и во одржувањето на рН вредноста на земјата т.е. за апсорција на сите хранливи материи што им се потребни.
Секако,оваа „отпадна“ вода не е само добра за саксиските растенија, туку и за оние во градината, доколку ги имате.