Овие импресивни, масивни структури привлекуваат илјадници туристи, но никој никогаш немал дефинитивен одговор за тоа како е постигната изградбата. Теориите на заговор се шират со години, а некои дури и се повикуваат на вонземни влијанија.
Сега, мистеријата стара 4.500 години конечно е решена благодарение на експертите што ја испитуваат Скалестата пирамида на Џосер, сместена во Сакара, Египет. Се верува дека пирамидата е најстарата од седумте пирамиди, а се смета дека е изградена пред речиси 5.000 години. Научниците веруваат дека го решиле вековното прашање кое долго време ги збунувало луѓето.
Имено, експертите веруваат дека сè е поврзано со хидрауличната механика. Се верува дека механизам со хидрауличен погон им овозможил на креаторите да ги поместат масивните камени блокови. Уредот бил користен за да ги нареди од темелот нагоре во облик на пирамида. Истражувачите и експертите ја испитувале внатрешноста на скалестата пирамида и веруваат дека дизајнот се совпаѓа со стилот на изградба со хидрауличен механизам за подигнување.
Овој хидрауличен систем го користел притисокот на водата за да помогне во носењето на блоковите на нивното место. Испитани се и мапи, вклучувајќи ги и другите структури што имаат знаци за постоење на брана во местото. Изгледа дека постоело и привремено езеро, слично на ров полн со вода.
– Античките архитекти веројатно ги подигнале камењата од центарот на пирамидата, користејќи ја водата од јужниот дел на ровот – сметаат истражувачите.
Тие, исто така, откриле монументална линеарна структура врежана во карпа, која се состои од последователни, длабоки прегради, кои се всушност комбинација од техничките барања што треба да ги содржи објект кој применува градење со користење вода: базен за таложење, базен за задржување и систем за прочистување.
– Античките Египќани се познати по својата пионерска улога и мајсторство во хидрауликата, преку канали за наводнување и баржи за транспорт на огромни камења. Оваа работа отвора нова линија на истражување: употребата на хидраулична сила за подигнување на масивните структури изградени од фараоните – заклучиле експертите.
Извор…