Сутерен.мк

Како ги срамиме децата?

Адолесцентите и тинејџерите често ги обвинуваат своите родители за засрамувачко однесување, што може да доведе и до затегнати односи, па дури и до оддалечување.

Затоа понекогаш се говори и за поимот „синдром на срамен родител“ што претежно се однесува на лица над 40 години, кои најчесто се чувствуваат помлади отколку што се, а децата ги доживуваат сосем спротивно. Едно истражување коешто опфатило 2 000 деца на возраст меѓу пет и 20 години и нивните родители нуди увид во првите 10 најсрамни работи што родителот ги прави за детето:

1. Мама / тато танцува! – 42 отсто;

2. Јавно покажување љубов (кон децата, или возрасните меѓу себе) – 41 отсто;

3. Користење на застарен „сленг“ и „обид“ да се изгледа младешки – 38 отсто;

4. Носење облека несоодветна за возраста – 23 отсто;

5. Раскажување непријатни приказни, анегдоти, детски приказни… – 21 отсто;

6. Чистење и раскренување по своите или по други деца – 20 отсто;

7. Приклучување на социјалните мрежи и „специфично“ однесување на нив… – 17 отсто;

8. Општо неразбирање на технологијата – 16 отсто;

9. Почнување разговори за секс – 16 отсто;

10. Претерано пиење алкохол – 15 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *