Сутерен.мк

Како, кога Господ ВИ зборува?

Најстарата црква во луцернската населба, црквата Свети Петар, постави Исус кој комуницира по пат на вештачка интелигенција и кој може да зборува сто различни јазици

„Ова всушност беше експеримент. Сакавме да видиме и разбереме како луѓето реагираат на Исус со вештачка интелигенција. За што би разговарале со него? Ние веројатно сме пионери во оваа област“, изјавил теологот на оваа црква, Марко Шмид.

Инсталацијата наречена „Deus un Machina“ беше лансирана во август, како резултат на повеќегодишна соработка со истражувачкиот центар на локалниот универзитет.
По експериментите, црквата решила да го направи следниот чекор и го инсталирала аватарот.

„Разговаравме за тоа каков аватар би поставиле – обичен човек или светец? Тогаш сфативме дека најдобрата фигура ќе биде Исус“, изјавил Шмид.

Поради ограничениот простор, црквата решила да постави компјутер и кабли во исповедалницата, кои потоа го заменуваат свештеникот.

Откако вештачката интелигенција беше обучена врз база на теолошки текстови, посетителите можеа да му поставуваат прашања на аватарот на Исус, кој одговараше користејќи ги одговорите генерирани од вештачката интелигенција.
Посетителите беа известени да не ги споделуваат личните податоци и да бидат свесни дека разговараат со аватар.

За два месецa, повеќе од 1.000 луѓе, вклучувајќи муслимани и туристи од Кина и Виетнам, ја искористија можноста за комуникација со аватарот.

Прелиминарните податоци кои ќе бидат објавени следната недела покажуваат дека две третини од корисниците го оцениле искуството како „духовно“, изјави Шмид.
Сепак, некои велат дека разговорот со аватарот е банален и потсетува на цитати од календарот. Исто така експериментот предизвика критики во рамките на црковната заедница.

Некои католици се спротивставија на употребата на исповедалницата, додека протестантските теолози ја критикуваа употребата на религиозна слика на Исус на таков начин. Меѓутоа Шмит вели дека одлучил аватарот да биде само експеримент.
„Да го инсталираме тој Исус трајно, не би се согласил со тоа. Тоа би била преголема одговорност“, додаде Шмид.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *