Најбрзиот начин да го исчистите вашето тело од никотин е со користење на овие намирници:
Спанаќ
Фолната киселина е многу важна за нормално функционирање и развој на организмот, но му помага и на телото да се ослободи од никотинот. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.
Брокула, карфиол и зелка
Покрај тоа што содржат полифеноли, за кои се покажало дека се корисни за намалување на разни воспаленија во дигестивниот систем, содржат и антиоксиданси, кои го чистат телото од многу токсини. Гответе ги што е можно пократко за да ги зачувате сите нивни придобивки.
Зелен чај
Зелениот чај е полн со антиоксиданси и го исфрла никотинот од телото.
Моркови
Содржи големи количини на витамини А, К, Ц и Б, кои се главните средства за чистење на телото. Морковот исцедете го во соковник помешан со јаболко и лимон или изрендајте го во салата.
Киви, лимон и портокал
Сокот од овие овошја го хидрира телото, му ги обезбедува потребните витамини, но и го чисти организмот од никотин. Пијте го помеѓу оброците.