Кои пет работи не може да ги направи детскиот мозок?
1. Да ги содржи и контролира емоциите
Главниот начин на кој децата ги изразуваат своите емоции е со плачење, особено кога се мали и не можат да зборуваат или не можат доволно добро да зборуваат. Исто така, нивниот мозок сè уште не ја развил способноста за саморегулирање, така што детето не може да ја одложи или да ја потисне потребата за плачење, токму овде и сега.
2. Да се разбере концептот на време
Ако му кажете на детето дека ќе „правите колачиња попладнево“, очекувајте веднаш да го побара тоа, бидејќи не го разбира концептот на време или дека не може да направи нешто во моментов.
Исто така, ако детето не се однесувало добро во текот на денот, а родителите го казнуваат со тоа што не му дозволуваат да гледа цртани пред спиење, нема да разбере и да се сети зошто е казнет. Во неговиот свет, утрото беше одамна и веќе го заборави.
3. Да ги контролира своите желби
Ако детето сака да скокне на креветот, тоа ќе го направи. Детскиот мозок сè уште не е доволно зрел за да ги контролира импулсите и желбите, па затоа родителите не треба да ја „спречат“ желбата на децата да направат нешто, туку да ги насочат кон тоа како сакаат да се однесуваат.
4. Да размислуваат рационално
Веројатно секој родител наишол (или му претстои) фаза во која детето се жали на сè – боичката е „премногу сина“, јаболкото не е излупено како што замислило… Детето не може да објасни што не е во ред, но од нешто е навистина незадоволно, тоа се неговите вистински чувства, без разлика што на возрасните им изгледаат смешно или претерано.
5. Да ги изразува емоциите со зборови
Децата немаат доволно развиен вокабулар за да изразат се што чувствуваат. Наместо тоа, додека нивниот мозок не е доволно зрел за да ги изрази своите чувства со зборови, тие ќе направат сцена, ќе фрлаат бес, ќе плачат кога се лути или сакаат нешто да се промени.
Препознавањето и искажувањето емоции е научена вештина и додека најмалите не ја совладаат, на родителите им треба многу трпение.