Менталното здравје се помалку е табу тема, а се повеќе нешто на што многумина обрнуваат внимание и стануваат свесни за истото. Ова се шесте начини за одржување на психичкото здравје за кои научниците ги истакнуваат како битни!
Поставете помали цели
Без разлика што ви е крајната цел, поставувањето на помали, полесни за исполнување ќе ве охрабрат да истраете на тој свој пат. Реализирањето на помали цели и нивното прецртување од листата на обврски ќе ни пружи задоволство, а воедно и ќе ја засили нашата одлучност и подготвеност да се соочиме со уште поголеми и поважни цели. Тоа може да се однесува речиси на секоја област од животот, само треба да се смисли план.
Станувајте почесто
Овдека се ,исли на она буквално станување, односно промена на односот кон седењето пред компјутер или излежување гледајќи ги омилените серии. Долгото седење не е добро ни за физичкото, ни за психичкото здравје. Честото станување, шетање или вежбање околу триесет минути дневно имаат позитивен ефект на расположението и општата состојба на организмот. Обврзно размрдајте се после секој изминат час.
Хранете се медитерански
Медитеранскиот начин на исхрана е еден од најздравите и тоа се потврдува низ годините. Се верува дека одредени намирници имаат влијание и на менталното здравје и дека треба да бидат дел од нашето мени, а меѓу нив се истакнуваат зелениот зеленчук, маслиновото масло, овошните бобинки и морските плодови. Тие содржат витамини, здрави масти и масни киселини кои се добри за нашиот мозок и тело.
Бидете свесни за успехот
Истражувањата покажуваат дека потсетувањето на минатите успеси и реализирања може да не подготви за новите предизвици и да ни помогне полесно да ги совладаме. Таквите ситуации ни даваат чувство на исполнетот и причина да веруваме дека сме посебни, отпорни и снаодливи. Затоа е добро секогаш да се потсетиме на се она што сме успеале да го исполниме во последно време, а особено кога се прашуваме дали ќе успееме во нешто ново.
Разговарајте со пријателите
Разговорот со пријателите, макар и телефонски или преку видео повик, може многу да го намали нивото на стрес. Секако, треба да се одбере со кои пријатели ќе ни годи да се слушнеме во одреден момент, односно чија енергија ќе не освежи, а не умори. Науката докажала дека ваквите разговори го намалуваат стресот.
Поминувајте време во природа
Истражувањата покажале дека количината на зеленило дури и во една улица или некој крај на градот може да има влијание врз менталното здравје на луѓето кои тука живеат, бидејќи дури и погледот кон таквото опкружување смирува и ја намалува анксиозноста. Кога и да ви се укаже прилика, прошетајте во природа или барем бидете на отворено извесно време.