Сутерен.мк

Како да го успорите стареењето?

Младоликиот изглед, како и многу други физички карактеристики се пред се, последица на гените, но сепак, нешто може и да се превземе во врска со тоа. Нема револуционерни решенија, па дури и естетската хирургија има рок на траење, но овие совети змначително ќе го подобрат изгледот на вашата кожа…

Спијте на грб

Кога лицето е „згужвано“ во перницата, побрзо и се збрчкува. Затоа, најдобро е тоа да биде „слободно“ т.е. да спиете на грб.

Избегнувајте пречесто миење 

Со секое миење, вие ги отстранувате и природните заштитни масла и влага, па не е добро кога пречесто ја „рибате“ кожата на лицето.

Додадете повеќе риба во вашата исхрана

Особено лосос бидејќи е добар извор на протеини и омега – 3 масни киселини кои одлично превентивно делуваат за брчките.

Нанесете витамин Ц

Докажано е дека лимоновиот сок може да го зголеми производството на колаген, па така помага во намалување на несаканите дамки, нерамномерниот тен и црвенилото, но и на брчките. Секако, не треба секој ден да цедите по еден лимон врз фацата – доволно е еднаш, до два пати неделно.

Пијте какао, наместо кафе

Во последно време, списанијата посветени на убавината (и женска и машка) се почесто го споменуваат какаото како „елискир“ на младоста. Научниците велат дека тоа содржи висок степен на антиоксиданси кои ја штитат кожата од оштетувања. Што значи, набавете квалитетно какао и избегнувајте го кафето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *