Сутерен.мк

Како да препознаете инфаркт?

Луѓето кои треба да бидат загрижени за овие симптоми се првенствено оние кои имаат фактори на ризик за срцев удар. Така, пушачите, дијабетичарите, оние со значително покачени масти во крвта, хипертензивните и оние кои имале семејна историја на срцев удар, особено на помлада возраст!


Болките зад градната коска, особено оние кои се шират на вратот, рамената, рацете, придружени со замор и потење се причина што побрзо да се побара лекарска помош.

ЕКГ, лабораториски анализи и, доколку е потребно, рендген на срцето и белите дробови или ултразвук на срцето, се основните тестови што треба да му се направат на пациентот за да се потврди или исклучи миокарден инфаркт, велат лекарите.

Секоја кардиоваскуларна болест со право се смета за подмолна болест, бидејќи првиот срцев удар во животот, кај навидум здрав човек, може да биде фатален.

Најчеста причина за ненадејна смрт е срцев удар и тешки аритмии кои го придружуваат. Затоа е важно пациентите итно да се јават на лекар доколку почувствуваат болка во градите, проследена со несвестица и ако таа трае континуирано и повеќе од 20 до 30 минути. Задолжително прво да се јавите во брза помош, бидејќи самостојното одење во здравствена установа може да биде фатално, бидејќи на тој начин срцевиот мускул се изложува на дополнителен напор и потенцијален ризик од несакани настани.

Препознавањето и спречувањето на срцев удар не само што штити од ненадејна смрт, туку и од оштетување на срцевиот мускул.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *