Овен
Овенот се идентификува преку неговите веѓи, кои се во облик на рогови и наместениот кобајаги, надмен израз на лицето. Тие ретко кажуваат едно, а прават друго. Едноставно, прават се погрешно и потоа не ни дискутираат за истото. Секако дека ова не смеете да му го кажете на никој роден во овој знак освен, ако не сакате да ви ги извади бубрезите низ нос. Овновите ги обожуваат Рибите бидејќи тие ги спуштаат на земја.
Бик
Овие секогаш имаат замислен израз на лицето, како да се инкарнација на состојбата – грижа!? Во еден момент се весели, во следниот депресивни, а веќе во наредниот го убиле омилениот презентер на временската прогноза!? Ете така, без некоја причина и повод. Им дошло, шо!? Стојат цврсто на земјата, но сакаат да се тркалаат и по трева и да собираат кокичиња. Обожуваат и да се психоанализираат иако, немаат поим за што всушност, станува збор.
Близнаци
На сите им се симпатични затоа што сите сакаме по малку шизофрени личности, а и кој би се осмелил да не ги сака!? За себе мислат дека се мешавина на Сократ и Микеланџело, а во реалноста е малку поинаку. (Добро, малку повеќе поинаку.) Личностите Близнаци возат необични автомобили, многу се наметливи и сакаат се да им е под контрола. Уживаат и да се расправаат со послабите од себе, а омилена „вреќа“ им се Вагите.
Рак
Овие суштества сакаат да се во тек со сите случувања во туѓите животи од целата Галаксија, ако е можно! А немаат поим што се случува во нивните сопствени. Доколку имаат среќа, пријателите ќе ги информираат. Се облекуваат само затоа што така треба, а стилот им е крајно, вознемирувачки. Од сите хороскопски знаци, најчесто Ракот спие врз гардеробата под душекот наместо да ја земе пеглата в раце.
Лав
Џингис Кан бил Лав во хотроскоп и со ова е поприлично кажано. Без пардон ќе се уфрли во разговор и нема здив да земе се додека не ја каже сета наталожена содржина во неговиот ум од последната седмица! Личностите родени во овој знак ќе свртат внимание на себе на сите можни начини. Толку се вљубени во себе што можат да се пеплосаат од таа љубов. Ни бакнувањето на својот одраз во огледалото не е исклучено.
Девица
Вистински давеж! Го контролираат дишењето и ја организираат облеката во плакарот според бојата. Знаете дека не ждригаат? Сега знаете. Многу е лесно да ја извадите од памет личноста родена во овој знак. Само кажете и дека имаат нешто меѓу забите. Тие не ги гледаат работите како црно и бело туку, како чисто и валкано.
Вага
Толку се елегантни и префинети што предизвикуваат чувство на мачнина кај блиските. Ужасно неодлучни личности и не можат да донесат одлука, па и животот да им зависи од тоа! Обично, се постојано во консултација со психотерапевтот и ТВ програмата. Не јадат брза храна, не знаат ни од каде храната доаѓа!? И да, немаат поим што се случува со нивниот смет! Не е чудно и друг да им ги врзува врвките на чевлите.
Шкорпија
Најголемиот број на хакери се Шкорпии во хороскоп: штом се појави нешто ново, ќе се вдадат да се информираат, само за да бидат први кои ќе солат памет за истото! Својот параноичен пристап кон животот многу го користат и не се откажуваат од него. Шкорпиите имаат силни сексуални пориви, но само од причина што тоа им е уште една прилика да запалат цигара – после сексот.
Стрелец
Тие се вистински шоумени во друштвото и семејството. Многу се гласни и ни малку грациозни. Често бараат прилика некого да навредат и повредат. Животните и децата ги сакаат – многу необично, бидејќи возрасните не можат да ги смислат! Стрелците би биле сјајни циркузанти, ама како фрикови. Во состојба се само од ним познато незадоволство да ја фрлат храната во скап ресторан или да се издерат в црква.
Јарец
Јарците се некоја чудна мешавина помеѓу Лав и Девица – па мислат дека се харизматични и логични. Во реалноста, тоа значи дека се уштиркани и ситничари. Кога би дошло до нуклеарна војна, единствените преживеани ќе бидат бубашвабите и личностите во знакот на Јарец. Никој друг впрочем, не би ни сакал да продолжи да живее под тие услови!
Водолија
Водолиите секојдневно имаат фази да ги напуштат своите тела – психички и физички – а, ако тоа го забележите, слободно заборавете го претходниот разговор со нив. Ништо не признаваат после ваквите нивни „левитации“. Тие се единствениот хороскопски знак, кој успева да игра одбојка сам против себе. Исто така, мислат и дека можат да одат по вода, само ако се потрудат малку.
Риби
Никогаш немојте да употребувате логика кога се Рибите во прашање. Можат да плачат над пцовисано животно, а кога станува збор за луѓе да не почувствуваат никакво жалење. Многу зборуваат и во суштина, прават што сакаат. (Само, тешко се забележува нивното самоволие.) Женските личности од овој знак ќе ги препознаете по натрупаниот сребрен накит и долгите фустани.