Никогаш не е отповеќе да си повториме некои златни правила за кризни времиња. Особено, што кај нас кризите траат и, траат и, траат…
• Сфатете дека не можете се да контролирате! Пандемијата е надворешен фактор и мораш да се прилагодиш на новите услови, бидејќи во спротивно, само ќе се губи волја и енергија за работа што пак, ни после пандемијата нема да ни се врати. Не можеме да контролираме, но можеме да учиме.
• Намалете ја или сосема елиминирајте го допирот со лоши вести! Престанете да слушате статистички вести. Држете се до препораките за хигиена и, толку! Ценете си го времето и животот. Сопствениот.
• Внимавајте каде оди секој ваш денар!
• Не земајте кредити, не се задолжувајте освен, ако е во прашање здравје!
• Преговарајте! Ретко кој ќе ве повика и понуди помош. Срам не срам, мора да се јавувате, барате, преговарате…. Никој нема да ви дојде на врата со пружена рака. Освен, ако не претстојат избори.
• Внимавајте што се случува околу вас! Разгледувајте огласи, следете вести (не дека има некоја корист од тоа кај нас, ама ајде!) Најбитно е да се биде прв во редот. И, сите знаеме дека најдобро време за да засадиш дрво е пред дваесет години, ама второто најдобро време е денес!