Психотерапевтот д-р Бартон Голдсмит, проблемот на пронаоѓање на вистинската љубов го сублимирал во една реченица: „Да се одбере вистинската личност од вистински причини во вистинско време е уметност.“
Сепак, тој ги има овие пет совети за пронаоѓање на соодветен партнер…
Луѓето ќе ви кажат прецизно кои се, само треба да слушате. Не треба многу муабети за да сфатите дали имате или не, со некого иднина. Никако немојте да се надевате дека ќе го смените. Тоа никогаш не се случува.
Невозможна мисија е да се пронајде некој кој е љубезен и несебичен, но вреди да се обидете. Ако сте среќлија, ќе сретнете некого кој има семејство што го научило на тоа.
Доколку не можете да разговарате со својот партнер или да плачете на неговото рамо, нема да бидете задоволни во врската, без разлика колку е тој убав, богат, интелигентен, влијателен.
Многу е важно за врската да имате заеднички вредности и желби. Од деца, преку духовност, до политички погледи…
Една од најважните работи е да имате иста смисла за хумор. Нема подобар лек за многуте кризи од тоа да можете да се расположите еден со друг со духовитост што ја разбирате и ве забавува.