Анксиозноста е природна човекова емоција, создадена да не заштити од потенцијалните закани. Сепак, таа не е пријатна, а честопати може и поприлично да не загрижи. Порталот Voices od Youth нуди пет совети за полесно справување со ова чувство.
- Полека вдишете низ нос и издишете низ устата. Повторувајте го ова се додека не се почувствувате посмирено.
- Разговарајте со пријател или некој на кој му верувате. Кажете како се чувствувате и прашајте како им е ним. Споделувањето емоции, помага.
- Јадете редовно, спијте доволно. Кога основните потреби не се задоволени многу полесно се станува вознемирен! Кофеинот, цигарите и алкохолот ги олеснуваат симптомите на анксиозност привремено, но долгорочно ја влошуваат состојбата.
- Обидете се барем еден час во денот да правите нешто што сакате: цртање, читање, готвење… И, исклучете се од интернет, ТВ, телефонот на неколку часа секој ден!
- Доколку редовно ги имате симптомите на анксиозност побарајте дополнителна стручна помош. Доколу немате или не знаете каде да отидете, прашајте некој кому му верувате или побарајте на интернет – но, внимателно бирајте ги ваквите групи, форуми, совети…