По дефиниција, среќата е нешто добро што ни се случува случајно и врз кое не можеме да влијаеме. Експертите пак, по социјални науки имаат поинаков став за тоа. Тие имено, на среќата гледаат како резултат на нашите постапки, отвореност за нови искуства и подготвеност за ризици. Ова се заедничките нешта на луѓето кои имаат поприлично среќа:
*Знаат да препознаат нови прилики и да ја пронајдат шансата за успех таму каде што другите не ја гледаат.
*Веруваат во својата интуиција и дејствуваат врз основа на доброто чувство.
*Зрачат со оптимизам и прават планови за својата иднина.
*Способни се да извлечат поука од лошите искуства и да продолжат понатаму.
А за да ја подобрите шансата за среќни околности, потребно е да го проширите кругот на познанства, да излегувате од својата зона на комфорот што почесто, да ги прифаќате и лошите работи како дел од животот и да не ја губите надежта за подобро утре, да не заборавате дека многу затворени врати се отвораат со насмевка и убаво однесување.