Сутерен.мк

Како до поздрави деца?

Нормално е родителите да се грижат за хигиената и безбедноста на своето дете, затоа многумина денес претпочитаат децата да си играат дома наместо надвор. Како резултат на тоа, добиваме деца кои подоцна немаат желба да играат на отворено, туку претпочитаат да изберат технологија!

– Нашите деца и децата на нашите деца се генерацијата која е најотуѓена од природата во историјата – вели Ричард Лув, автор на студија која анализирала 3 000 семејства со деца.

Педијатарот д-р Марија Јулија Карваљо се согласува со Лув и инсистира на тоа дека децата мора да бидат во контакт со микроорганизми кои се наоѓаат во почвата и тревата со цел нивниот имунолошки систем да се развие правилно. Чистењето на вашето дете по играњето во кал можеби е тешко, но мора да се потрудите да најдете средина, бидејќи овие нехигиенски игри му се неопходни на вашето дете. Кога на овој начин ќе се зајакне имунитетот, во иднина детето ќе биде поотпорно на болести и алергии. Освен тоа, Лув вели дека игрите во природа ја поттикнуваат креативноста, го минимизираат стресот и депресијата и овозможуваат подобар когнитивен развој.

Студијата покажала дека децата кои живеат и растат со животни како кучиња и мачки од рана возраст имаат помала веројатност да развијат алергии бидејќи овие деца живеат меѓу ендотоксини, вид на бактерии кои се наоѓаат во прашината и животната средина кои помагаат за зајакнување на имунолошкиот систем.


Имунолошкиот систем е она што го штити човекот од надворешни „напаѓачи“, како што се микробите и бактериите кои се закана за здравјето. Ова успешно се прави со откривање на супстанции кои можат да стимулираат болести и инфекции, а потоа и со нивна борба. Но, за борбата да биде успешна, имунолошкиот систем мора да се навикне на микроорганизми од надворешната средина. Како што растат децата, тие стануваат сè поотпорни на одредени микроби, бидејќи веќе биле изложени на нив и имунитетот веќе го „знае непријателот“ и „тактики“ како да го нападне.

Без контакт со микроорганизми, имунолошкиот систем станува поподложен на супстанции кои инаку не се патолошки, како што се поленот или животинските влакна, по што децата развиваат алергии. Ричард Лув истакнува дека држењето на децата на растојание од природата го ограничува развојот на нивната креативност. Децата кои немаат интеракција со природната средина немаат физички дразби и немаат директни искуства на кои би можеле дополнително да ја развијат својата имагинација. Тој додава дека престојот во природа е феноменална превенција од дебелеење, бидејќи децата надвор се физички активни, додека причината за епидемијата на дебели деца лежи во поминувањето премногу време зад затворени врати.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *