Витаминот Б12 е есенцијална хранлива материја која има многу основни функции во вашето тело. Тоа е витамин растворлив во вода, кој помага во одржувањето на здравјето на нервите, а исто така го олеснува производството на црвени крвни зрнца
Сепак, недостатокот на витамин Б12 може да доведе до неколку компликации и различни симптоми.
Според податоците од истражување во кое учествувале околу илјада пациенти, оние на кои им бил дијагностициран недостаток на витамин Б12 пријавиле широк спектар на симптоми, од кои најчест бил заморот. Утврдено е дека 96 отсто од испитаниците пријавиле „невообичаен замор“.
Според експертите, заморот е еден од примарните знаци на недостаток на Б12, кој може да биде поприсутен кога ќе се разбудите. Недостатокот на витамин Б12 може постепено да се развива, но може и да се влоши доколку не се лекува навреме. Некои од почестите симптоми освен замор вклучуваат:
– отежнато дишење
-главоболки и вртоглавица
-бледа кожа
-чукање на срцето
-гастроинтестинални проблеми
-проблеми со концентрацијата
Начини за добивање доволни количини на витамин Б12
Витаминот Б12 не може да се создаде природно во телото, па затоа треба да ја внесувате вистинската храна.
Некои од најдобрите извори на витамин Б12 вклучуваат: говедско, свинско, шунка, живина, јагнешко месо, школки, ракови, млечни производи како млеко, сирење и јогурт, како и јајца. Обогатените житарки исто така можат да ви обезбедат доволна количина од оваа хранлива материја.
Веганите и вегетаријанците можат да се консултираат со својот лекар и нутриционисти за соодветни алтернативи за дополнување.