Сутерен.мк

Како се станува Дедо Мраз?

Чарлс В. Хауард првпат го играл Дедо Мраз во училишна претстава кога бил четврто одделение. Тој продолжил да го „глуми“ Дедо Мраз во следните две децении, а работел и како „консултант на Дедо Мраз“ за филмот „Чудото на 34-та улица“ од 1947 година.

Хауард го сакал духот на Дедо Мраз и сакал и другите Дедо-мразовци кои работат во стоковните куќи во земјата да бидат попрофесионални, подобри, сметајќи дека некои од ликовите на Дедо Мраз се прилично груби. Затоа почнал да држи тренинзи за Дедо Мраз.


Училиштето за Дедо-мразовци Чарлс В. Хауард годинава ја одбележа својата 81 година од основањето. Часовите се одржуваат во Мидленд, Мичиген. Деканот Холи Валент ја прави селекцијата, односно ги одбива Дедо-мразовците кои не се заинтересирани за деца или за пеење, односно на листата не можат да се најдат оние Дедо-мразовци кои сакаат да станат Дедо Мраз само поради бизнис.

 

Секоја година дополнително има и околу 40 потенцијални Дедо-мразовци на листата на чекање. За среќа, работилницата во Мидленд не е единственото училиште на Дедо Мраз, туку ги има и во други градови.
Најважниот аспект да се биде добар Дедо Мраз е да научите како искрено да слушате најразлични деца. Па така, курсот за Дедо Мраз предвидува и часови по детска психологија од страна на експерти, кои учат и корисни трикови како да се справите со пргави, расплакани деца, деца кои се плашат од Дедо Мраз…

 

Дедо-мразовците дури учат и основен знаковен јазик. А учат и како да се даде срдечна, но избалансирана „Хо, хо, хо“ насмевка. Таа мора да е блага, не насилна и бучна.

А потоа, следуваат и часови по пеење. Па и часови по завиткување подароци, печење колачиња и полнење на чорапи со бомбони. Се учат и јога вежби и вежби за дишење. И откако сите овие испити ќе ги положите, ќе добиете сертификат за професионален Дедо Мраз.

Видео…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *