Сутерен.мк

Така зборуваше Амди Бајрам

„Еден сум, ама тука вредам колку вас 120“.

(1999 година, во Парламент)

„ На директорот жена му дојде и почна да ме тегне за палто и да ме влече и да вика разни зборови педер, ова, она и да ме удираат“.

(2000 година, како европарламентарец)

„Секој нека притисне дугме да се види дека не сме токму“.

(2000 година во Парламент)

„Паѓаат авиони, паѓа нешто друго или нешто друго паѓа“.

(1999 година)      

„Дајте да си ја сочуваме оваа државичка, дајте на мира да си ја пиеме оваа водичка“.

(2000 година, кон чашата вода што е на говорницата во Парламент)

„Но, за кратко време ги пуштив брковите да видам дали можам да личам, да бидам двојник на Циле. Или не… Презаузет е многу, но нормално, јас секаде се движам и сите мислат дека сум Циле.“

(2000 година, Амди Циле Бајрам)

„На крај ТАТО ќе станеме тука“.

(2000 година, апропо ТАТ) 

  „Син ми го обожаваше Џани Версаче и кога Џани умре дента снашката се породи, па внукот го крстивме Џани Версаче“.    

(1999 година)

„Старт“, од рубриката „Упс!… се збунив“ на Сачи & Тачи

One thought on “Така зборуваше Амди Бајрам

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *