Холивудската актерка Камерон Дијаз (51) е позната како некој кој одлично ја чува својата приватност, особено во последните години.
Таа направи пауза од актерството за да се посвети на семејството што го заснова со рокерот Бенџи Маден и не се ескпонира во медиумите како порано, па така успешно досега криеше што нивното семејство доби уште еден член.
Камерон вчера на Инстаграм објави дека станала мајка на момче кое го добило името Кардинал Маден.
„Благословени сме и возбудени што можеме да ја споделиме веста за раѓањето на нашиот син, Кардинал Маден“, напиша актерката покрај фотографијата од уметничките дела на нејзиниот сопруг.
„Тој е неверојатен и сите сме пресреќни што е тука! Заради безбедноста и приватноста на децата нема да ги објавувам фотографиите, но тој е навистина сладок“, напиша Камерон.
Таа не го откри датумот на раѓање на синот ниту како момчето дошло на свет, а се шпекулира дека е во прашање сурогат-мајка.
Камерон Дијаз и Бенџи Маден се во брак од 2015 година и ја имаат четиригодишната ќерка Радикс. Актерката блеска откако е вљубена во Маден, а во една прилика истакна дека не ни помислувала да се омажи додека не го запознала.
– Бракот беше најдоброто нешто што го направив во моите 40-ти, ме отвори на различни начини. Ова е супер. Не мислев дека ќе го сторам тоа и не знам дали ќе го направев ако не го запознаев сопругот. Тоа беше изненадување за мене – изјави актерката за „Харперс базар“.
Таа во минатото зборуваше и за тоа како не се гледа себеси во улога на мајка.
– Тоа што немам дете навистина ги олеснува работите, но тоа не значи дека е лесна одлука. Јас сакам да ги штитам луѓето, но никогаш не ме привлекуваше мајчинството – изјави Камерон.
Сепак, тоа се смени дури откако се омажи за Маден, а Камерон сега ужива во семејниот живот, поради што и го напушти Холивуд на неколку години.