Годинешниот филмски фестивал во Кан, ќе биде отворен со филмот „Жан ди Бари“ со Џони Деп во главната улога, објавија организаторите на фестивалот.
Во филмот, покрај Џони Деп, Мејвен Ле Беско (која е и режисерка на филмот) ја игра Жан Бека, жена која од сиромаштија се издигна во општествените кругови околу кралот Луј XV.
Филмот е снимен во Франција, поточно во Версајската палата и околината на Париз.
Деновиве беше објавен и трејлерот за филмот кој ќе биде премиерно прикажан на отворањето на Канскиот филмски фестивал на 16 мај и наиде на многу позитивни критики од публиката.