Целата пратка со чипс со вкус на пиперка, за која е утврдено дека содржи канцерогена супстанца акриламид, е уништена превентивно, соопштија од чачанската компанија „Чипс Веј“ Д.О.О.
Според оваа компанија, во петокот, на 28 јули, од компанијата „Плодине“ добиле известување дека пратка од 33 палети ребрест чипс од по 150 грама покажала неусогласеност на царинската анализа, односно дека нивото на акриламид е повисоко од дозволеното.
Тие наведуваат дека веднаш по добивањето на информацијата го известиле купувачот дека превентивно ќе биде уништена целата пратка, пишува Н1.
„Го информиравме купувачот дека заменската стока ќе биде испратена што е можно поскоро. Редовната достава веќе започна оваа недела“, додаваат оттаму.
Од компанијата нагласуваат дека овој производ бил наменет „исклучиво како бренд за хрватскиот пазар, за еден купувач“.
Компанијата, како што се додава, „врши редовни анализи на своите производи и континуирано е предмет на контрола на надлежните органи“.
Инаку, земјоделската инспекција на Србија издаде наредба за вонредна контрола на објектот за производство на чипс со вкус на пиперка на оваа чачанска компанија.
Европската комисија, врз основа на официјалното известување РАСФФ, откри дека високо ниво на акриламид е откриено во чипови од Србија на границата со Хрватска.