Актерката Мирјана Карановиќ го известила Југословенскиот драмски театар дека одбива да игра во претстава заедно со Бранислав Лечиќ.
Како што пренесе на својот Инстаграм профил, таа на овој потег се решила во знак на протест поради однесувањето на Лечиќ кон колешката Даниела Штајнфелд.
„Почитувани, ве известувам дека одбивам да играм со Бранислав Лечиќ во претставата ’Маме му ебам кој прв почна’, во знак на протест поради неговото однесување кон колешката Даниела Штајнфелд. Ова се однесува и на сите евентуално идни претстави со истиот актер. Подготвена сум да играм во претставата доколку се одлучите да го замени некој друг актер. Срдечен поздрав, Мирјана Карановиќ“, напиша актерката на Инстаграм.