Сутерен.мк

Кардашијанки немаат право на Мерилин

Американскиот моден дизајнер Боб Меки го дизајнираше култниот „гол“ фустан за Мерилин Монро во 1962 година, што го носеше додека му ја пееше „Среќен роденден“ на тогашниот претседател Џон Кенеди. Ким Кардашијан на овогодинешната Мет Гала ја носеше познатата креација, а на Меки тоа воопшто не му се допадна.


„Мислам дека тоа е голема грешка. Мерилин беше божица. Луда божица, но божица. Беше едноставно фантастично, изјави 82-годишниот дизајнер. Додаде дека верува оти никој освен Мерилин не требало да го носи тој фустан. Јас го дизајнирав исклучиво за неа“, рече тој.

Фустани на Меки ги носеа многу познати диви, а некои од најпрепознатливите креации ги дизајнираше за пејачката Шер. Дизајнерот не е голем обожавател на семејството Кардашијан и претходно ги обвини дека ја копираат Шер.
Ким го извадила силиконскиот задник и ослабнала осум килограми за да влезе во прочуениот фустан на Мерилин Монро.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *