Сутерен.мк

Карлос Кастанеда: Идиотизмот во нас

Во овие конфузни времиња и уште подискутабилни решенија, добро е да се потсетиме на тоа како зборуваа некои паметни луѓе…

  • Постапувај така, буквално како да е сон. Делувај смело и не барај изговори.
  • Не се објаснувај премногу. Кога објаснуваш зошто не можеш да направиш ова или она всушност, се извинуваш за своите недостатоци, надевајќи се дека оние кои те слушаат ќе бидат добри и ќе ти простат.
  • За да извлече максимум од животот, човекот мора да знае да се менува. Најтешко е да се одлучиш на менување.
  • Јас никогаш на никого не се лутам. Ниеден човек не може да направи нешто што би заслужило таква моја реакција. На луѓето им се лутиш, кога чувствуваш дека нивните постапки се важни. Ништо слично јас одамна не чувствувам.
  • Секогаш треба да знаеш дека патот е – само пат. Ако чувствуваш дека не треба по него да одиш, батали го.

  • Ти сега не можеш да ме разбереш поради својата навика да мислиш така, како што гледаш.
  • Ако не ти се допаѓа она што го добиваш, промени го тоа што го даваш.
  • Главната пречка кај мнозинството луѓе е внатрешниот дијалог. Кога човек ќе научи да го запре, се станува возможно. Најневеројатните проекти стануваат изводливи.
  • Луѓето обично не сфаќаат дека во секој момент можат да отстранат од својот живот било што. Во било кое време. Веднаш.
  • Единствениот вистински мудар советник кој го имаме е смртта. Секогаш кога ќе почувствуваш дека нештата се движат кон лошо и дека си на работ на пропаст, сврти се налево и прашај ја својата смрт, дали е тоа така.
  • Секој оди по својот пат. Ако одиш со задоволство, значи дека е тоа твојот пат. Ако се чувствуваш лошо – во секој момент можеш да се симнеш од него, без разлика колку далеку си отишол. И тоа ќе биде правилно.

  • Потребно ни е сето ова време и сета наша енергија, за да го победиме идиотизмот во себе.
  • Суштината е во тоа на што да се ориентираш… Секој од нас сам себеси се прави или несреќен или силен. Обемот на работа и во првиот и во вториот случај е сосема ист!
  • За да станеш човек на знаењето, мораш да бидеш воин, а не плачливо дете. Бори се, не се откажувај, не се жали, не отстапувај, бори се се до тогаш додека не прогледаш. А се, за да сфатиш дека во светот не постои ништо што би било важно.
  • Тоа, што го правиш во овој момент, сосема е можно да излезе дека е твојот последен чин на земјата. Во светот не постои сила што може да ти гарантира дека ќе проживееш барем уште една минута.

(Перуанско – американскиот антрополог и писател роден е во 1925 – та, а почина во 1998 година.)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *