Катерина Ацевска со злато на џиу-џицу турнирот во Џенова

Македонската натпреварувачка во џиу-џицу, Катерина Ацевска, оствари нов голем резултат на меѓународната сцена откако успеа да се закити со злато на престижниот Гранд при турнир во Џенова, Италија.
Ацевска во категоријата +70 кг кај сениорките со учинок од две победи успеа да го освои првото место.

Како најдобро рангиран борец во категоријата, во првото коло Македонката беше слободна, а во второто коло се соочи со Федерика Маца од Италија и ја совлада со Фул ипон, иако и во регуларниот дел беше 15:1.

Во финалето Ацевска се бореше против Каја Орзешовска од Полска, славеше со резултат 16:7 и така го освои златниот медал.
Со бронзени медали во оваа категорија се закитија Мириана Стравино од Италија и Ема Шварценбарт од Австрија.

Ова се многу важни бодови за Ацевска на Светската ранг листа. Таа се доближи до топ 3 во нејзината конкуренција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *