Од јули во Кина се наплаќа дополнителен данок за голем број модели. Тоа посебно се чувствува кај германските марки
Спуштениот праг од којшто автомобилите почнуваат да се сметаат за луксуз и се плаќа соодветен данок за тоа, што важи за увозните автомобили, влијае врз продажбата на странските производители на најголемиот автомобилски пазар во светот. Во јули, продажбата на овие модели во Кина опадна за 18 проценти, на околу 45.000 возила, покажуваат податоците на кинеското здружение на автомобилски дилери.
Од почетокот на годината до завршетокот на јули, продажбата на луксузните автомобили опадна за 15 проценти, со продадени околу 323.000 авотмобили. Новите даночни правила стапија во сила на 20-ти јули. Оттогаш, купувачите на луксузни возила, што според новите закони чинат над 900.000 јуани, односно околу 108.000 евра, плаќаат дополнителен данок во висина од 10 проценти.
Товарот паѓа врз увозниците
Пред воведувањето на новите правила, прагот за некој автомобил да се води како луксузен, беше поставен на 1,3 милион јуани, односно околу 156.000 евра. Западот го толкува овој чекор на Пекинг, како одговор за воведените дополнителни царини за увоз на електричните автомобили во ЕУ. Данокот за луксуз важи и за возилата што се произведени во Кина и го надминуваат ценовниот праг.
Тоа не менува многу, затоа што речиси сите автомобили со цена меѓу 900.000 и 1.300.000 јуани се увезуваат. Здружението на дилерите цени дена промените во даночењето влијаат посебно врз побарувачката за увезените модели.
Шефот за финансии на Јагуар Ланд Ровер, Ричард Молино, при соопштувањето на деловните резултати кажа, „тоа значи дека практично сите наши модели на Рејнџ Ровер потпаѓаат под овој данок.“ Тој упати критики до постапувањето на Кина: „Бевме мошне изненадени, затоа што најавата пристигна само 48 часови пред тоа.“
Мерцедес-Бенц исто така „во принцип е погоден“, кажа директорот за финансии Харалд Вилхелм за време на телефонската конференција за резултатите во првото полугодие. Тој најави дека ќе бидат направени обиди, преку „комерцијални мерки“ – што значи со соодветна ценовна политика – „да го ограничиме влијанито врз продажбата на најмала мера“.
Голем пад кај германските марки
Како последица од тоа, секоја поголема луксузна марка во јули пријави пад во продажбата. Најголемите производители на кинескиот пазар на луксузни возила во изминатиот месец беа Лексус, Мерцедес-Бенц, БМВ, Ланд Ровер и Порше.
Лексус во јули продаде 16.154 увезени нови возила (-5,4 проценти), Мерцедес-Бенц 7.912 (-22 проценти), БМВ 4.812 (-35,0 проценти), Ланд Ровер 3.999 (-8,2 проценти), Порше 3.694 (-17 проценти). Според тоа, германските производители беа повеќе погодени од останатите. Наспроти тоа, новиот данок не влијае врз Ауди, затоа што марката има само два модели над новиот праг за луксузни автомобили.
Се губи важен пазар
Кина долго време им беше голем носител на приходи на европските премиум и луксизни марки. Добростоечките купувачи во земјата обично посегнуваа по увезените возила со познато лого.
Но, поради растечката конуренција, со електричните возила на кинеските производители, што се контруирани врз т.н. софтверска платформа, продажбата на увезените автомобили во Кина во 2024 веќе во пат беше трета година во низа. Овој пазар лани опадна за 16 проценти, на околу 644.000 возила.