Кинеските медиуми споделуваат дека тамошните научници работат на создавање на првиот „бремен“ робот, хуманоиден сурогат кој, според најавите, би можел да симулира човечка бременост и потенцијално да „роди“ бебе.
Машината со вештачка матка треба да добива нутриенти преку комплексна мрежа од цевки и туби и ќе може да носи бебе околу 10 месеци.
Проектот го води д-р Жанг Чифенг, основач на компанијата Каива Технологија во Гуангжу.
„Технологијата на вештачката матка веќе е во напредна фаза и сега треба да биде имплантирана во стомакот на робот за човекот и роботот да соработуваат за да се постигне бременост, овозможувајќи фетусот да расте во внатрешноста“ – рекол Чифенг.
Наводно, цената на хуманоидните роботи ќе биде околу 10.000 евра, што е далеку пониска сума од онаа која вистинските сурогат-мајки ја добиваат во земји како САД и која може да достигне до двесте илјади долари.