Сутерен.мк

Кит изел 16 килограми ѓубре!

Околу 16 килограми пластични кеси и отпад пронајдено е во утробата на клунест кит, кој викендов угина на брегот во југозападна Франција.

Китот долг 5,5 метри, кој е близок на големиот делфин, пронајден бил во саботата на една плажа.

Клунестиот кит е активен ловец кој се нурнува и до илјада метри за да пронајде храна и обично јаде лигњи, но овој примерок останал долго на површината на морето и голтал тоа што лебдело во водата, што на крајот и го убило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *