Нашиот однос на љубов и омраза кон јагленохидратите веќе е избеган од контрола, па исхраната ја направи многу посложена отколку што треба да биде. Иако многумина ги избегнуваат јагленохидратите сметајќи ги за нездрави, тоа сепак, не е вистина.
Всушност, важно е да се препознае кои јагленохидрати не се добри за нашето тело, како преработените, слатките, рафинираните јагленохидрати, а кои се најдобри, но и кога не е пожелно тие да се конзумираат.
Како што пишува Eat This, Not That, во овие случаи не треба да ги конзумирате:
- Навечер, додека седите и гледате телевизија
- Пред спиење
- Кога многу време поминувате во седење
- Ако сте дијабетичар или се обидувате да ги намалите килограмите
(Во последниов случај, ќе треба да внимавате колку јагленихидрати внесувате во организмот. Добро е да ги ограничите количините на житарки и овошје и да избегнувате шеќер, како и благи пијалаци.)