Сутерен.мк

Кога е измислен климатизерот?

Старите Римјани имале развиен систем на подно греење со топол воздух (горејќи јаглен и дрво), а во жешките денови со вода ги ладеле идовите на своите домови.

Во вториот век во Кина е измислен рачниот вентилатор, а во средниот век куќите се ладеле со помош на вода и ветерници.

Вилис Керијер (26) во 1902 година се обидел да го реши проблемот во производството на литографската печатница во Бруклин, САД. За печатницата, пониската температура и влага би помогнале хартијата да ја задржи формата и димензиите и изедначеност на мастилото.

Па така, Керијер го искористил познатиот начин за греење на воздухот низ жешки цевки и го превртел „наопаку“: воздухот во неговиот систем поминувал низ многу студени цевки, наполнети со исто толку студена вода, па попатно покрај температурата, можел да ја контролира и влагата во воздухот што излегувал.

Својот патент од 1906 година го нарекол „апарат за третирање на воздухот“.

Првата приватна куќа која е разладувана благодарение на системот на Каријер се наоѓа во Чапел Хил, во Северна Каролина, а тоа се случило во триесеттите години на 20 – от век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *