Сутерен.мк

Кога ќе збесне дечурланата од НВО-ата

Еко-активисти денеска истурија супа од домати врз сликата „Сончогледи“ на Винсент ван Гог во Националната галерија во централен Лондон.
Организацијата „Сопрете ја нафтата“ во соопштение изјави дека двајца демонстранти истуриле две лименки супа од домати врз сликата во 11 часот по локално време, барајќи од Владата на Велика Британија да ги прекине сите нови проекти за нафта и гас.

Организацијата посочи дека фосилните горива се виновни за сегашните економски превирања и климатската криза со која се соочува светот, прашувајќи „Дали уметноста вреди повеќе од животот? Повеќе од храната?“.
Лондонската полиција соопшти дека двајцата активисти биле уапсени поради криминална штета и тежок прекршок откако „фрлиле супстанца врз сликата“ во галеријата на лондонскиот плоштад „Трафалгар“.

Галеријата потврди дека сликата била покриена со стакло, па затоа не била оштетена.
Сликата има проценета вредност од 84.2 милиони долари.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *