Сутерен.мк

Кое животно може да се пијанчи колку сака?

Со оглед на фактот дека алкохолот природно се појавува во речиси секој екосистем на Земјата, многу е веројатно дека повеќето животни кои се хранат со слатко овошје и нектар редовно консумираат алкохол, покажа студијата на научниците од англискиот универзитет во Ексетер.

Ова го потврдува Ана Боуланд, истражувачка во тимот на овој Универзитет, пренесува Гардијан, додавајќи дека научниците издвоиле неколку животински видови кои се прилагодиле на етанолот во исхраната, најчесто преку ферментирано овошје, сок и нектар.

Во едно истражување, дивите шимпанза во југоисточна Гвинеја беа фатени на камера како пијат алкохолен сок од рафија палми.

Во исто време, еден вид мајмуни на островот Баро Колорадо во Панама сака да јаде жолто овошје момбина богато со етанол, за кое е откриено дека содржи помеѓу 1 и 2,5 отсто алкохол.
Можеби највпечатливите ефекти на алкохолот се гледаат кај инсектите, пишува британскиот весник.

Машките овошни мушички јадат повеќе плодови со етанол кога женките ги одбиваат, додека женките од тесно сродни видови стануваат помалку пребирливи за своите партнери.

Овошните мушички ги снесуваат јајцата во храна богата со етанол, заштитувајќи ги од паразити.

Научниците, сепак, тврдат дека нема докази дека животните се опиваат, а студијата на Универзитетот во Тел Авив покажала дека ориенталниот стршлен е единственото животно кое може да консумира неограничени количини алкохол без негативни последици.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *