Пазарот е преполн со фалсификувано маслиново масло, а и не е баш едноставно да се препознае дали станува збор за вистинско ладно цедено маслиново масло или за копија!
Експертите велат дека дури 90 отсто од понудата е измама т.е. маслото што се продава (без разлика на етикетата) најмалку има врска со маслинки.
Зада се провери колку и дали воопшто станува збор за квалитетен производ, тие препорачуваат малку од маслото да се загрее на 27 степени целзиусови – доколку тоа е зелено и има пикантен и горчлив вкус, тогаш е добиено од маслинки, сеедно дали е произведено од експониран бренд или некоја мала фарма.
Освен ова, нагласуваат и дека тврдењето дека ладно цеденото маслиново масло не е добро за готвење е мит! Вистината е дека во него можете да пржите и помфрит, но дека земајќи ја во предвид неговата цена, тоа не е исплатливо.