Кои градови во светот се најдобри за семејство

Австралиски сервис за споредување цени и производи изработи истражување за да утврди кои градови во светот се најдобри за подигање семејство, а на прво место се најде Брисбејн, следен од Лондон, Окленд и Хелсинки.

При изборот на идеално место за семејство, младите парови најчесто бараат безбедност, практични услови како платено породилно отсуство и пристапност до услуги, како и можности за забавно и активно детство. Иако животот на село има свои предности, животот во град нуди повеќе активности за деца и семејства.

Истражувањето е направено со анализирање на педесет градови користејќи девет различни фактори:

* безбедност
* среќа и благосостојба
* број на активности за деца
* месечни трошоци за живот
* национални трошоци за семејни бенефиции
* законско породилно отсуство
* стапки на вакцинација на деца
* трошоци за образование
* зелени површини по жител

Според истражувањето, Брисбејн е најдобриот град во светот за подигање семејство со вкупен резултат од 6,457. Градот особено се истакнува по безбедност, национални стапки на вакцинација на деца и количина зелени површини по жител, која достигнува 84,89.

Австралиските градови генерално се покажале многу добро: Сиднеј, Перт и Мелбурн се на петто, шесто и седмо место. Новозеландските градови Оукленд и Велингтон исто така се меѓу 20-те најдобри.

Во Европа, Лондон зазема второ место поради големиот број активности прилагодени за семејства, а Хелсинки е четврти, рангиран како втор по национални трошоци за образование (единствено Стокхолм троши повеќе).

20 најдобри градови за подигање семејство според истражувањето:

1. Брисбејн
2. Лондон
3. Окленд
4. Хелсинки
5. Сиднеј
6. Перт
7. Мелбурн
8. Стокхолм
9. Берлин
10. Сеул
11. Париз
12. Њу Делхи
13. Прага
14. Копенхаген
15. Барселона
16. Лисабон
17. Велингтон
18. Рим
19. Виена
20. Мадрид

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *