Сутерен.мк

Кои овошки ги симнуваат килограмите и спречуваат дебелеење?

Боровинки

Научниците откриле дека боровинките се одличен извор на важни антиоксиданси, наречени флавоноиди, кои можат да го спречат дебелеењето. Не е точно разјаснето како го спречуваат дебелеењето, но консумацијата на храна богата со флавоноиди може да ни помогне полесно да се заситиме и да ни ја намали потребата од нездрава храна, која знаеме дека доведува до дебелеење. Боровинките изобилуваат со влакна, поради што многу заситуваат и тие важат за едно од најздравите овошја.

Јаболка

Јаболкото може да ни помогне да останеме во форма. Ова овошје е богато со флавоноидни полимери и преполно е со влакна, што го прави една од најздравите овошки за слабеење. Најдобро е да ги јадете неизлупени, бидејќи кората содржи најмногу влакна и антиоксиданси. Помага и за контрола на шеќерот во крвта, со што се намалува желбата за храна и прејадување, како и ризикот од развој на дијабетес.

Круши

Крушите, исто така, можат да го спречат дебелеењето и тоа, затоа што изобилуваат со флавоноидни полимери и влакна. Овошките што содржат влакна се одличен избор за луѓето кои имаат проблеми со вишокот килограми, бидејќи влакната го исполнуваат желудникот и даваат чувство на ситост.

Јагоди

Јагодите помагаат во одржувањето на тежината од истата причина како и боровинките: богати се со важни антиоксиданси. Експертите препорачуваат околу 150 г јагоди дневно, а најдобро е да ги консумирате за појадок или како ужина, со немасен јогурт или овесни снегулки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *