На крајот на месецов ќе стапи во сила Законот за нефер трговски практики, добавувачите и купувачите ќе се усогласат во однос на рабатот и дополнителните трошоци, значи ќе се ограничи маржата за 10 проценти кај овие добавувачи и купувачи, со цел цената на 2458 производи што ќе ги опфаќа таа листа, да бидат на крај намалени за граѓаните.
Владата најави дека ќе има и божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро се што се прави во интерес на работниците, посебно во насока на намалување на цените:
– Овој тренд треба да продолжи за да им се помогне на граѓаните и работниците да можат да набават основни прехранбени производи. Ние денес плаќаме зеленчук како да сме јануари и овошје како да сме сред зима, нешто што не е оправдано.
Како што соопшти, според податоците голема е веројатноста минималната синдикална кошничка да биде со благо зголемување, имајќи во предвид дека од почетокот на годинава се зголеми за 4 600 денари.
– Ние, за жал, не сме вклучени во подготовката на владинит кошнички за ограничување на цените и маржите. ССМ смета дека е добра идеја се што се прави во интерес на работниците во насока на намалување на цените, но таа ќе треба да се спроведе во целост како што е планирана. Се надеваме дека делот на храна и пијалаци што го пресметуваме како ССМ и изнесува 22 300 денари за минатиот месец во синдикалната кошница ќе биде појдовна основа за утврдување на оние 100 производи за кои ќе треба да бидат ограничени маржите за да им се помогне на најранливите граѓани, рече претседателот на ССМ.
Опозициската СДСМ, пак, оцени дека мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните:
-За жал, по најавената мерка на Владата дека се замрзнуваат маржите на само 73 производи, граѓаните не треба да очекуваат некаков ефект. Оваа мерка е калкулантска политика на Владата колку да замачкаат очи дека нешто направиле под притисок на јавноста. Сега е повеќе од јасно зошто со недели Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите. Целта била да се најде решение колку да го има и тоа е во интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните ниту нешто посебно ќе им помогне.
Во листата на производи со ограничена профитна маржа спаѓаат:
– ориз бел во пакување од 900г до 1кг;
-брашно пченично, тип 400 во пакување од 1кг до 2кг;
-бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
-печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);
-бисквити, “Петит Беуре” и бисквити обични од 300гр до 500 гр;
-тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица без и со јајца од 500 гр (без додатоци).;
-масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 литар;
-месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;
-месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;
-пиле (свежо и замрзнато) цело;
-пилешки стек (свеж и замрзнат);
-салама, шункова во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување);
-чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);
-чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);
-пилешка посебна салама во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување);
-паштета од џигер или пилешка (кокошја), (без додатоци) во пакување од 95гр и 100 гр.;
-замрзната риба Ослиќ;
-трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост 2,8 проценти, 3,2 проценти и 3,5 проценти во пакување од 1 литар;
-јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8 проценти до 3,2 проценти во пакување од 1 литар;
-кисело кравјо млеко (обично без додатоци) со масленост од 2,8 проценти и 3,2 порценти во пакување од 400гр до 500 гр;
-павлака од кравјо млеко, кисела со масленост од од 12 проценти до 20 порценти во пакување од 180гр до 400 гр;
-урда;
-традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);
-традиционално мешано бело сирење (без додатоци);
-традиционален кравји кашкавал (без додатоци);
-традиционален мешан кашкавал (без додатоци);
-свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;
-масло ,(путер), индустриски произведен (пакување од 250 гр.);
-маргарин, (обичен), пакуван од 250 гр;
-јаболка;
-праски;
-грозје трпезно;
-лимони;
-портокали;
-банани;
-исчистени ореви;
-грав;
-кромид;
-компир;
-морков;
-спанаќ;
-зелка;
-краставици;
-корнишони;
-лук;
-тиквици;
-боранија;
-домат;
-пиперки;
-карфиол;
-тиква;
-модар патлиџан;
-леќа;
-магдонос;
-брокула;
-праз;
-зеленчук замрзнат (мешавина) во фолија од 450 гр;
-зеленчук замрзнат од пченка, во фолија од 450 гр;
-зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450 гр;
-боранија замрзната, во фолија од 450 гр;
-маслинки, црни;
-грашок конзервиран во пакување од 400гр;
-ајвар од печени пиперки, тегла до 660 гр;
-краставички, конзервирани, тегла до 720 гр;
-печурки маринирани (сецкани), тегла до 720 гр;
-шеќер кристал бел;
-џем и мармалад;
-чоколадо млечно обично, во пакување од 100 гр;
-кечап;
-мајонез во тегла од 660 гр;
-зачин (вегета, зачинал и слично);
-кафе пржено мелено пакувано од 200гр;
-сок кашест (матен) овошен од разно овошје во тетрапак од 1 литар.