Сутерен.мк

Кои се зависни територии во светот?

На територијата на Европа се наоѓаат 44 држави и девет зависни територии, а тоа се: Азорските острови (и припаѓаат на Португалија), Гернзи (под Велика Британија/ВБ), Фарски острови (на Данска), Гибралтар (Велика Британија), Островот Ман (ВБ), Оландски острови (Финска), Свалбад (Норвешка), Света Гора (Грција), Џерзи (ВБ).

Азија е најголемиот континент (30 отсто од копното на планетава), а на неа се наоѓаат 47 држави и три зависни територии – Макао (под Кина), Хонг Конг (Кина) и Акротири и Декелија (Велика Британија).

Африка има 54 држави и девет зависни територии. Зависни се: Канарските острови (од Шпанија), Мадеира (од Португалија), Мајот (Франција), Мелилја (Шпанија), Реинион (Франција), Родригез (Маурициус), Сеута (Шпанија), Сокотра (Јемен), Света Елена (Велика Британија).

Северна и Средна Америка имаат 23 држави и 19 зависни територии. Зависните се: Американските девствени острови (под САД), Ангвила (Велика Британија), Аруба (Холандија), Бермуда (ВБ), Британските девствени острови (ВБ), Гваделуп (Франција), Гренланд (Данска), Кајмански острови (ВБ), Карипска Холандија (Холандија), Курасао (Холандија), Мартиник (Франција), Монсерат (ВБ), Порторико (САД), Сан Андрес и Провиденсија (Колумбија), Свети Бартоломеј (Франција), Свети Мартин (со главен град Филипсбург зависи од Холандија, а Свети Мартин со главен град Свети Мартин е на Франција), Свети Пјер и Микелон (Франција), Туркс и Кајкос (ВБ).

Во Јужна Америка се наоѓаат 12 држави и зависните територии Фолкландски острови (ВБ), Француска Гвајана (Франција) и Галапагос (Еквадор).

Австралија и Океанија се состојат од 14 држави и 16 зависни територии, како и од бројни ненаселени острови и атоли. Зависните се: Американска Самоа (САД), Божикниот остров (Австралија), Бугенвил (Папуа Нова Гвинеја), Валис и Футуна (Франција), Гвам (САД), Кокосови острови (Австралија), Островите на Кук (Нов Зеланд), Нијуе (Нов Зеланд), Нова Каледонија (Франција), Островот Норфок (Австралија), Островите Питкерн (ВБ), Ротума (Фиџи); Северни Маријански острови (САД), Токелау (Нов Зеланд), Великденскиот остров (Чиле), Француска Полинезија (Франција).

Северен Антарктик опфаќа седум зависни територии: Буве (Норвешка), Јужна Џорџија и Јужни Сендвички острови (ВБ), Островот Петра (Норвешка), Островот на принц Едвард (Јужноафриканска Република), Субантарктички острови (Нов Зеланд), Француски јужни и антарктички земји (Франјција), Херд и Макдоналд (Австралија).

Јужниот Антарктик не е политички субјект, но е поделен на осум зони со претензии.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *