Сутерен.мк

Кои се морковите кои секаде одат со Синер?

„Тие се веќе попознати од мене“, неколку пати минатата година повтори Јаник Синер, светската тениска ѕвезда од Италија која направи чудесни резултати и го освои Гренд слемот Австралија Опен

Станува збор за шестмина Италијанци кои се облекуваат во костими налик моркови и така ги следат натпреварите на најомилениот Италијанец во моментов.

Карота Бојс, односно „Момци моркови“ станаа познати на крајот од минатата сезона кога започна огромниот успешен бран на младиот Јаник Синер кој пред неколку дена ги растури Новак Ѓоковиќ и Медведев како никој друг. Овие момци облечени во портокалово како моркови се појавиле и пола година претходно за време на земјената сезона.

Нивното постоење е поврзано со една епизода од крајот на 2019-та година кога тогаш 18-годишниот Синер за време на една пауза беше снимен како јаде морков на АТП турнир во Виена.

„Многу сакам моркови зошто крцкаат“, рекол после турнирот Синер.

Карота Бојс е друштво од шест лика, другари од детството: Лоренцо, Франческо, Алесандро, Алберто, Џанлука и Енрико. Имаат од 26 до 29 години. Сите пораснале заедно во пиемонтското место Ревело каде живеат околу 4.000 луѓе. Играле таму тенис многу и гледале заедно тениски натпревари.

Со Синер првпат се споиле во 2019-та кога уште немало никаква приказна за моркови.

Година дена претходно другарите купиле карти за мајскиот Мастерс во Рим и Лоренцо предложил да се облечат како моркови. Останатите не биле баш воодушевени од идејата но Лоренцо веќе ги нарачал костимите од Амазон. Денот кога Карота Бојс се појавиле на славниот Форо Италико во Рим, Синер го играл првиот меч на турнирот.

Веднаш ги забележиле од профилите на АТП и ги објавиле на социјалните мрежи. И така почнала приказната.
„Ако мечот на Јаник го ставеа за друг ден (наместо тој за кој имале карти) ништо немаш да се случи“, раскажал неодамна Алесандро за магазинот „Вог“.

После тоа Карота Бојс станувале се попопуларни и добиле поддршка дури и од гигантот Лавазза, италијанскиот кафе бренд кој е исто и спонзор на Синер. После Рим веќе тргнало како подмачкано па отишле на големиот Ролан Гарос. Таму стигнале со лого и нивните костими со тоа лого ги сошило детско атеље близу нивниот роден крај.
До крајот на таа година Карота Бојс се појавиле на Вимблдон, УС Опен и секако на домашниот, завршен турнир во Торино каде исто Синер блескаше. На двата последни турнири се сретнале лично со Јаник и помуабетиле: „Само што се запознавме зошто јас често им ги мешав имињата“.

 

 

Сите Карота Бојс работат во свои професии, неповрзани со тенисот ниту со карневали. Еден е продавач во локален маркет, друг води семеен бизнис, а четворица од нив се слободни уметници па така лесно наоѓаат време за патешествија и правење содржина. Лоренци и Алесандро работеле канцелариска работа.

Карота Бојс имаат за сега 90.000 следбеници на социјалните мрежи а имаат и свој бренд но велат дека првичната идеја не им е заработка. Патуваат велат често на своја сметка на турнирите како на последниов Австралија Опен, а некогаш и на сметка на спонзорот Лаваца. За помалку од година дена ги запознале со нив речиси сите вљубеници во тенисот и „стекнале светска слава за која не ни сонувале“.

Од Австралија Опен, благодарение пред се на големиот историски успех на Јаник Синер, фокусот е и паралелно со Синер ставен и на нив.
Големото финале во Мелбурн го следеле во центарот на Торино со сите навивачи на сјајниот италијански тенисер. Местата за настанот биле продадени за помалку од час.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *