„Booking.com“ го објави 13-тото издание на своите „Traveler Review Awards“, награди базирани на впечатоците на патниците.
Оваа година, платформата ги издвои 10-те најгостопримливи градови во светот, користејќи импресивни 360 милиони рецензии за сместувања, активности и начин на патување.
Првото место го зазема Сигирија, древна карпеста тврдина во близина на градот Дамбула во Шри Ланка. Ова светско наследство на УНЕСКО се наоѓа во културниот триаголник на земјата, а „Booking.com“ го опишува како „незаборавен спој на авантура и спокојство“.
На второ место е Казорла, живописен град на југот од Шпанија, сместен меѓу планините Сиера де Казорла, познат по своите шармантни продавници и стрмната калдрма.
Третото место го зазема Урубичи, еден од најстудените бразилски градови, кој се наоѓа во регионот Сера Катариненсе.
Листата на 10-те најгостопримливи градови
1. Сигирија, Шри Ланка
2. Казорла, Шпанија
3. Урубичи, Бразил
4. Таупо, Нов Зеланд
5. Сент Огастин, САД
6. Орвието, Италија
7. Манизалес, Колумбија
8. Кведлинбург, Германија
9. Ко Ланта, Тајланд
10. Честер, Обединетото Кралство