Сериите „Следоред“ („Наследници“ ), „Мечка“ и „Кавга“ се големите победници на 75. доделување на телевизиските награди Еми, кое се одржа со четири месеци одложување поради штрајкот на холивудските актери и сценаристи.
„Следоред“ по третпат е прогласена за најдобра драмска серија и освои вкупно седум награди, меѓу кои и за актерите Киран Калкин (главна машка улога), Сара Снук (главна женска улога) и Метју Мекфејден (споредна машка улога).
Во конкуренција на хумористични серии, апсолутен триумф оствари „Мечка“, која однесе дури десет награди од 13 номинации. „Мечка“, која имаше премиера во јуни 2022, е избрана за најдобра комедија, а награден беше и главниот актер Џереми Ален Вајт, како и Ебон Мос-Бакрак и Ајо Едебири за споредни улоги.
„Кавга“ освои Еми за најдобра минисерија, заедно со главните актери Стивен Јеун и Али Вонг.
Една голема награда имаше и за серијата „Основното училиште Ебот“ откако Квинта Брансон беше прогласена за најдобра актерка во комедија.