Марк Вилијамс, британски астролог, тврди дека оваа зима ќе донесе вистинска финансиска благосостојба на некои хороскопски знаци
Стрелец
Стрелците имаат можност да добијат зголемување на платата. Некои ќе добијат можност и за работа со скратено работно време, што ќе ги подобри нивните финансии. Одредени претставници на овој Хороскопски знак, со кој владее Јупитер, планетата на среќата и благосостојбата, имаат можност да работат со странски земји, што може да им обезбеди сериозен прилив на пари.
Јарец
За Јарците ова е една од најдобрите транзиции оваа година. Ги имаат сите шанси да напредуваат во кариерата, а тоа ќе им донесе подобрување на финансиите. Доколку конкурираат за водечки позиции во тимот ќе ги остварат своите амбиции, а тоа ќе им донесе дополнителни пари преку плата. Оваа зима, особено во јануари, ќе бидат особено ценети и наградени напорите на децата на Сатурн, кои се упорни и вредни работници. Јарците ги очекува добар период и многу радости во животот.
Водолија
И покрај тоа што не припаѓаат на хороскопските знаци кои се материјалисти и кои знаат да штедат, водолиите оваа пролет ги очекува вистинска материјална благосостојба. Им се отвораат можности да завршат некои одамна започнати проекти кои ќе им донесат материјално задоволство, а доколку размислуваат да започнат сопствен приватен бизнис, тоа е вистински момент за такво нешто, бидејќи се што ќе започнат во јануари и февруари ќе им донесе голем финансиски профит. Овој знак на Зодијакот може слободно да се впушти во разни деловни ризици, бидејќи среќата е на нивна страна.