Сутерен.мк

Коктелот си бара фустанче

Не е исто дали пиво ќе пиеш во фустан на Живанши или во фармерки, па така и со коктелите. Добро сега, некому му е сосема сеедно во што е облечен се додека пијачката му е погодена, но за помодарите еве предлози, кој коктел во каква комбинација на облека се пие!

Мартини

Овој коктел стана популарен благодарение на Бонд, Џејмс Бонд. Составен е од џин и сув вермут, а може да му се додаде и зелена маслинка.

Блади Мери

Некои велат дека го олеснува мамурлакот, но она што е сигурно е дека го создава. Рецепт: сок од патлиџан, вотка, Ворчестершир сос, бибер и неколку капки од некој лут сос. Можете да ставите во чашата и стапче целер – за мешање и грицкање.

Џин тоник

Уште во 1700 година се мислело дека џинот има медицински својства против маларијата, па Британците го пиеле пред патување во Индија. Подоцна, со истата „медицинска цел“, додаден му е тоник и така е создаден легендарниот коктел.

Маргарита

Во овој мексикански коктел се измешани текила, ликер Triple Sec, лимета, шеќер и сол на работ на чашата.

Вотка сода

Многу едноставно: вотка плус сода – вода. Понекогаш му се додаваат и тркалца од краставица или лимета, по вкус.

Мохито

Кафеав шеќер, рум, сода – вода, нане и лимета го прават овој многу популарен коктел еден и од највкусните.

Космополитан

Комбинацијата на вотка, сок од брусница, малку цедена лимета и Triple Sec е една од најомилената на сите дами кои пасионирано ги следат дешавките од шоу бизнисот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *