Сутерен.мк

Колкави се платите во Европа?

Според центарот за податоци на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), највисока плата во Европа во просек се заработува во Лихтенштајн. Станува збор за податоци за нивото на целата 2022 година, а не за просечната заработка за последниот месец, која е генерално повисока.

Работата во оваа мала земја меѓу Швајцарија и Австрија, која има помалку од 40.000 луѓе, вреди 7.046 евра месечно.

Просечната плата во Македонија изнесува 592 евра.

Зад Лихтенштајн е Швајцарија, со просечна плата од 5.522 евра. Како и Лихтенштајн, Швајцарија има пониски даночни стапки и развиен зимски туризам, но Швајцарија исто така го има најсилниот туристички сектор во светот и степен на приватност за клиентите што го нема ниту една друга земја.

На трето место е Данска со 4.149 евра, потоа Луксембург со 3.699, Норвешка 3.386, Исланд 3.377 евра и Сан Марино 3.237, додека Ирска е последна земја на листата со просечна плата поголема од 3.000 евра и изнесува 3.086.

Во најголемата земја и најсилната економија на Европската унија, Германија, просечната плата е 2.831 евро.
Во земјите кои произлегоа од Југославија, највисоката плата е 1.442 евра во Словенија. Следат Хрватска со 1.163, Црна Гора (800), Србија (714) и Босна и Херцеговина (652). На територијата на Косово* просечните плати се најниски и изнесуваат 446 евра.

Од останатите земји, Романија има 924 евра, а потоа следат Бугарија со 822 и Албанија со 507 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *