Сутерен.мк

Колку долго се разградува алкохолот?

Како и за колку време нашето тело ќе се справи со алкохолот што го внесуваме зависи пред се, од нашата висина, тежина и годините, но и храната што притоа ја конзумираме. Сепак, постојат некои просечни параметри, кои горе – долу, важат за сите.

Па така, повеќето луѓе жесток пијалак од триесет милилитри можат да го разградат за еден час. Просечното време црниот дроб да разгради чаша вино од 250 милилитри е три часа, а за половина литар пиво му е потребно два часа.

Според американските центри за лечење на зависности пак, алкохолот може да се открие и после шест часови во крвта, околу 12 до 24 часови во здивот, урината и плунката, а во косата и после три месеца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *