Повеќето производители на автомобили минатата година оствариле поголем профит споредбено само со година претходно, и покрај тоа што се продадени помалку возила. Ферари се уште е шампион во автомобилската индустрија, а по него е Тесла, но бројките на американскиот бренд на електрични автомобили се далеку од италијанскиот спортски бренд.
Минатата година Ферари остварил околу 94.500 евра добивка по автомобил. Тесла е на второ место со повеќе од 6 100 евра добивка по продаден автомобил.
Извештајот покажува дека 19-те најголеми производители на автомобили во светот минатата година заработиле повеќе пари во просек по продаден автомобил. Просекот кога станува збор за профитот, паднал од 1 168 евра по продаден автомобил во 2019 година на 811 евра во 2020 година, за да минатата година се зголеми на дури 1 903 евра по продаден автомобил.
Производителите се прилагодија на пандемијата и недостатокот на чипови, кои го погодија автомобилскиот сектор. Според експертите, индустријата главно се фокусирала на производство на најпрофитабилните модели како теренци и електрични возила, а притоа цените се зголемени, а попустите сведени на минимум.