Постојат брзо сварливи намирници и оние на кои им треба долго време за да ги свари нашиот дигестивен систем. Нутриционистите советуваат да не се конзумираат прво лесно сварливите, а потоа „тешките“, туку обратно, но и да не се мешаат често. Всушност, нивната насока е овие две групи на продукти да се комбинираат само за време на ручекот, додека пак, за појадок и вечера да се внесува храна која брзо се вари.
Водата се вари моментално
Сокови од овошје и зеленчук – 15 до 20 минути
Сиров зеленчук – 30 до 40 минути
Варен зеленчук – 40 минути
Риба – 45 до 60 минути
Салата со масло – 60 минути
Компир – 1,5 до 2 часа
Житарки (ориз, хељда…) – 2 часа
Млечни производи – 2 часа
Јаткасти плодови – 3 часа
Пилешко – 1,5 до 2 часа
Јунешко – 3 часа
Јагнешко – 4 часови
Свинско – 5 часови