Дваесетичетири пешаци настрадале само минатата година. Во 2024 – во сообраќајни несреќи жртви биле 853 пешаци, а 214 завршиле со тешки телесни повреди.
Ова го покажува статистиката од МВР, но оттаму појаснуваат дека податоците се уште не се официјални, поради исполнување на законскиот рок од 30 дена од последната случена сообраќајка на 31 декември.
Официјалните податоци на МВР покажуваат дека секоја година, од 2010 наваму, на македонските патишта гинат помеѓу 116 и 198 луѓе.
Најлоша статистичка година била 2013. Тогаш, во 170 сообраќајни несреќи со загинати лица животот го загубиле 198 луѓе.
Намалување на бројките на загинати се очекува откако во сила ќе стапи системот „Безбеден град“. Камерите кои ќе ловат несовесни возачи се поставени, но недостасуваат потребните законски измени за возачите да можат да се казнуваат.
Вчерашната трагедија потсетува на неколку случаи кои во минатото ја кренаа јавноста на нозе. Таков беше случајот со 24-годишната Викторија Николова која исто така на Партизанска беше настрада од возило „цитроен“ кое се движело побрзо од максимално дозволените 50 километри на час.
Сообраќајката ги извади граѓаните на протест кои бараа побезбеден сообраќај. Но, Возачот Јордан Ѓоргиев доби 3-годишна казна затвор од Кривичниот суд, но Апелација му даде уште една година затвор.
Адвокатот кој ги застапуваше нејзините родители вели дека ниските казни се само поттик за дивеење на улиците.
– Е свесна порака дека секој може да ги прекршува правилата, а да не биде казнет пропорционално на тоа што го сторил. Значи, во споредба на човечки живот, прашувајќи ги оние кои изгубиле тие жртви во сообраќајни незгоди сигурно дека се незадоволни. И кога имаме една споредба на незадоволството и онаа друга страна што поминува со лесни околности, тогаш доаѓаме до еден ваков хаос кога низ улиците во државата буквално се пркоси кон човечките животи, а казнивоста е минимална, вели адвокатот Владимир Михаиловиќ.
Во минатото на булеварите низ Скопје беа изгубени многу млади животи. Во 2015. речиси на истото место како и вчера животот го загуби студентка. Возачот, кој возел дури 85 километри на час и со 1,13 промили алкохол во крвта, првично доби затворска казна од 6 и пол години, но потоа Апелација ја преиначи на 3 години.